Поврзи се со нас

Македонија

Хрватска ќе ни донира плус 20.000 вакцини „Модерна“ или „Астра Зенека“

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“ што ќе биде практично прва количина од оваа вакцина која би стигнала во нашата земја, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На заедничката прес-конференција со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ, Филипче информира дека разговарале за епидемиолошката ситуација и за мерките. Споделиле, како што рече, некои искуства, видувања, предвидувања, планови за идниот период којшто е пред нас.

-Хрватска се покажа како еден многу добар менаџер во текот на почеток на кризата кога го водеа – претседателствуваа со ЕУ, а тоа беше првата половина на 2020 година кога активираа многу механизми и кога еден навистина хетероген систем во смисла на различни здравствени системи во рамките на ЕУ требаше да одговори унисоно. Во таа смисла, разговаравме и за тоа што би можело и како да биде ситуацијата во есенските месеци и секако организацијата на целокупните процеси во текот на летните месеци, рече Филипче. 

Министерот Радман се обрати на македонски јазик и истакна дека со денешната донација од 10.000 дози вакцини, Република Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за целиот процес на борбата против коронавирусот да биде што е можно посупешен.

– Сепак, нашиот ангажман не завршува тука. Владата на Релублика Хрватска на вчерашната седница ја донесе одлуката за донирање на дополнителни 20.000 дози вакцини на Северна Македонија, нагласи Радман.

Според него, ефикасното спроведување на вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата на Ковид-19, со потребата да се одржи неопходната рамнотежа меѓу постепеното отворање на границите и здравјето на граѓаните.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 50 минути

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 4 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 5 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 8 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 9 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 10 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 11 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 12 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 ден

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена