Поврзи се со нас

Вести

Гостиварците The Protagonist со нов сингл и видео запис

Објавено

на

The Protagonist, еден од најпрогресивните бендови на регионалната музичка сцена, го објави вториот по ред сингл од новиот албум во подготовка, “Mono Maniac” со видео запис.

„Mono Maniac“ е енергична композиција со моќен гитарски риф како мотив, исполнетa со топли, но во исто време продорни вокали, како и доста енигматична и суштинска лирика. Финалниот микс и мастеринг на песната е изработен од познатиот британски саунд инжинер Simon Heyworth кој соработувал со Nick Cave, King Crimson, Goldfrapp, Mike Oldfield, Ennio Morricone….

“Оваа песна е будилник… она што сме е поголемо од нашите разлики, поголемо од нашите така наречени лидери од секакви бои. Лирично, песната е напишана за состојбата на човековиот дух базиран на новите технолошки дизајни, кои како последица произведуваат нов вид на социопати, психопати со коишто не можете да имате логичка или емоционална човечка конекција, комуникација … но сепак, некако на крај тие донесуваат одлуки за локални или глобални проблеми!? Овој тип на луѓе мислат дека сите други се слаби и треба да се контролираат на овој или оној начин. Оваа песна допира длабоко, поставува прашања и го критикува менталитетот на напредокот базиран ексклузивно врз технологијата, и колку лесно луѓето се впуштаат во светот на едно-димензионални спектакли. Свет во кој образовани луѓе не можат да направат разлика помеѓу лажни и вистински вести, свет во кој имбецилите се слават и медиумските спектакли се дизајнирани на таков начин што го убиваат сето она што значи човек во нас: компромис, добрина, љубов, вредности кои се сменети со површни идеи. Оваа песна е будилник, и време е да го разбудиме човечкото во нас, пред да завршиме како нули и единици.”, порачува R.S.Rush, вокал во бендот и автор на текстот.

Првиот сингл “Love Stream”, од новиот албум наречен “Absolute Attitude” беше промовиран и на каналот на МТV-Adria.

Сите досегашни синглови од деби албумот на гостиварците The Protagonist под наслов „No Exit Museum“ влегоа во Топ 20 на MTV-Adria, а албумот имаше и повеќе рецензии меѓу кои и во списанието Rolling Stone со позитивни критики.

Бендот, кој го сочинуваат R.S.Rush и Кузман Маркоски, досега има настапувано на повеќе фестивали со енергични и впечатливи изведби во живо.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 13 минути

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 2 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 4 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 7 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 8 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 11 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 12 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена