Вести
Денес е Св.Алексиј, Човек Божји
Според календарот на Македонската православна црква, денешниот ден се слави во чест на светецот Алексиј, наречен Човек Божји.
Овој светител потекнувал од римско благородничко семејство. Од мал го засакал Бога со целото срце и со целиот ум. Кога пораснал родителите го ожениле против неговата волја. Уште првата ноќ тој го напуштил домот и жената и се населил како просјак во градот Едеса во Месопотамија. Таму проживеал 17 години и во тајност чинел добри дела. Кога народот ги открил неговите добродетели, за да ги избегне почестите, се качил на брод и патот го однел близу Рим. Свети Алексиј таму дошол во домот на родителите, кои не го познале и како на странец, му дале да живее во една шупа близу куќата. После две децении мирно се упокоил. Кога го откриле телото, родителите во неговата рака нашле ливче од кое дознале дека тоа е нивниот син. Чудата на св. Алексиј продолжиле и по неговата телесна смрт.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди