Спорт
Ѓоковиќ се израмни со Федерер и Надал по бројот на грен-слем трофеи
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (34) ја освои шестата титула во Вимблдон, откако денеска во своето седмо финале на грен-слем турнирот во Лондон го совлада Италијанецот Матео Беретини со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3.
Најдобриот светски тенисер ја освои третата последователна титула во Вимблдон по три часа и 27 минути игра против 25-годишниот Беретини, кој го играше своето прво грен-слем финале.
За Ѓоковиќ ова е 20. грен-слем титула во кариерата со што го израмни рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Ѓоковиќ претходно триумфираше на Австралија Опен и Ролан Гарос, а може да стане рекордер според бројот на грен-слем титули веќе оваа година доколку победи и на ЈуЕс Опен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот