Гостивар
На подрачје на Гостивар активни се пожари на две локации
Според информациите кои вечерва ги објави Центарот за управување со кризи на подрачјето на Општина Гостивар активни се два пожари.
„Во Општина Гостивар, до 16:30 часот има пријавено шумски пожари во село Куново, каде е упатена екипа на ШС „Шар“ Гостивар, а известени се и ТППЕ Гостивар. Исто така повторно е активиран пожарот кај Пожаране во 15:45 часот, за кој известени се ЈП Македонски шуми Шар Гостивар и ТППЕ Гостивар.“, соопшти ЦУК.
За подметување на пожарот над Пожаране, вчера беше лишено од слобода едно лице.
Во Македонија од денес во наредните 30 денови воведена е кризна состојба заради алармантна ситуација со пожари, кои ги има низ сите региони.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот