Поврзи се со нас

Занимливости

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, објави ЕИУ

Објавено

на

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од лондонската Economist Inteligence Unit  (ЕИУ), која рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена годинава.

Главниот град на Данска за првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.

-Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија, изјави градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.

„Копенхаген, исто така, се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град, каде и асистентот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште“.

Канадскиот град Торонто го освои второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени.

Иако Сиднеј заврши на четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град е на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му се доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.

Амстердам од Холандија е шести, додека Велингтон од Нов Зеланд е на седмо место. Мелбурн е на осмото место, додека шведската престолнина Стокхолм е на десетто место.

На дното на листата се нигериски Лагос, египетски Каиро, венецуелски Каракас, пакистански Карачи и Јангон во Мјанмар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 13 минути

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 1 час

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 2 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 4 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 5 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 5 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 7 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 8 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 9 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена