Гостивар
Општина Гостивар за бојкотот на турски во гимназијата: Бројот на паралелки го одредува Министерството
Во паралелките на турски јазик во гимназијата во Гостивар од петокот тече бојкот на наставата. Причината е незадоволство на професорите поради затворањето на една паралелка во прва година. Наместо три, како што било пракса до сега, годинава формирани се 2 паралелки. Од Секторот за образование на Општина Гостивар нагласија дека не се надлежни да одлучуваат за бројот на паралелките и дека тоа е ингеренција на ресорното Министерство. Како локална самоуправа за гимназијата барале од Министерството 3 паралелки на турски јазик, 9 на албански и 2 на македонски, но барањата не биле целосно исполнети.
„Правото на бојкот е демократско право, ние не можеме да се мешаме во таа одлука. Сепак, сакам да кажам во јавноста дека општината нема ингеренции да го одредува бројот на паралелки, тоа го прави Министерството за образование. Имаме документи дека сме доставиле барање за 3 паралелки на турски јазик, 9 на албански и 2 на македонски, но Министерството одобри 2 на турски, 7 на албански и 2 на македонски. Значи, Министерството решава колку паралелки ќе се отворат. За нас како општина, не е добро што се намалува бројката на паралелки, затоа што така се намалува и број на часови на некои професори, а се ризикуваат и работни места на наставниот кадар што нема решение. Нашиот став за бојкотот е дека професорите треба да се обратат до Министерството и таму да бараат да се отвори уште една паралелка“, рече Аслијан Снопче, раководител на Секторот за образование.
Професорите од наставата на турски јазик рекоа дека ќе одат до крај и нема да одржуваат настава се‘ додека не им се врати третата паралелка. „Имаме зголемување на бројот на ученици, а се соочуваме со намалување на паралелките. Тоа е класичен пример на етничка дискриминација“, подвлекоа тие.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ