Македонија
МОН ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје
Министерството за образование ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје за студиската 2021/2021 година. Тие можат да се погледнат на следниот ЛИНК.
Следен чекор за оние што добиле место во студентски дом е да потпишат договор со студенткиот дом, по што ќе можат да се вселат. Договорот треба да се потпише најдоцна 10 дена од денот на објавата на резултатите (01.10.2021 г.).
„Приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 8 октомври 2021 година“, соопштија од МОН додавајќи дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4.10.2021 година.
Аплицирањето за сместување во студентски домови годинава за прв пат се спроведе електронски, со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk , а за оние кои немаа можност електронски да аплицираат, како опција на располагање беше и доставувањето на документацијата директно во студентскиот дом.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот