Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Природни лекови против кашлица

Објавено

на

Пониските температури со себе носат и почести настинки кои може да предизвикаат кашлање. Иако лекарот треба да ја утврди дијагнозата и третманот, постојат помошни, природни лекови како мед, мајчина душичка и ѓумбир, коишто можат да ја спречат оваа непријатна појава.

Кашлицата е природен рефлекс што се јавува кога нешто ви го иритира грлото или дишните патишта. Повремената кашлица е нормална, па дури и здрава, бидејќи му помага на телото да ги исфрли наталожените слуз и остатоци. Сепак, тоа не го прави помалку исцрпувачко, а понекогаш, и болно… Најчести причини за кашлица се: чад од цигари, бактериски инфекции, алергии, астма, бактериски и вирусни заболувања како настинка или грип.

Кашлицата предизвикана од астма, инфекции и алергии треба да ја лекува лекар, но ако таа опстојува по вирусна инфекција или иритација, неколку природни состојки може да помогнат при лекување дома…

Meд

Медот делува слично како капките за кашлица – кога го консумирате, ја обложува слузницата на грлото, ублажувајќи ја болката и гребењето. Труд од 2007 година објавен во „Журналот“ за педијатриска и адолесцентна медицина посочува дека медот е поефикасен во лекувањето на ноќната кашлица отколку декстрометорфанот – вообичаен лек за кашлица.

Медот има и противвоспалителни, антиоксидантни и антибактериски својства – што може да придонесат за смирувачко дејство. Овие својства помагаат во борбата против инфекциите и може да го зајакнат имунолошкиот систем.

„Гаргара“ со солена вода

„Гаргарата“ со солена вода може да помогне да се сузбијат бактериите и да се ослободи слузот во грлото. Тоа ќе помогне да се исчистат синусите и за побрзо ослободување од кашлицата. Солената вода, исто така, може да помогне да се намалат отоците и иритацијата предизвикани од постојаната кашлица.

Ѓумбир

Тој е тропско растение кое најчесто се користи како додаток во исхраната. Може да помогне во лекувањето на разни здравствени проблеми, а како оние во медот, биоактивните соединенија во ѓумбирот имаат антиоксидантни, антимикробни и антиинфламаторни својства. Ѓумбирот има и посилен вкус, којшто го стимулира лачењето плунка и помага против сува уста и грло.

Корен од бел слез

Се работи за растителен додаток за кој се смета дека ги смирува иритираните делови на грлото и устата. Корените и лисјата од бел слез содржат слуз која, кога се меша со вода, се создава нешто како гел, којшто го обложува грлото, слично како медот.

Мајчина душичка

За ова растение се смета дека ги смирува грчевите во мускулите, вклучувајќи ги и оние предизвикани од кашлање. За ублажување на кашлицата, може да се конзумира како билен чај или во облик на таблети.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 8 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 11 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 11 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 11 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 12 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 13 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена