Поврзи се со нас

Македонија

49 лица по втор пат се заразиле со ковид минатата недела

Објавено

на

Намалување од 8,9 % на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 15 до 21 ноември од Ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември.

Минатата недела се тестирани се 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Во Гостивар има 12 случаи. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3%). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0-9 години (+2,0%). Најзабележително е намалувањето кај возрасната група на лица над 60 години (-13,7%)

Според полот, 54,3 отсто од заболените се жени, а 45,7 машки.

Кај сите секвенционирани примероци е докажана Делта варијантата, како и присуство на различни нејзини сублинии. Сублинијата позната како Делта плус не е детектирана кај ниту еден од секвенционираните примероци.

Пријавени се 91 смртен случај, најмногу од возрасната група над 60 години (89%).

Активни на Ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата недела се евидентирани и 2 855 оздравени лица.

ИЈЗ регистрирал и 49 реинфекции. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212 375 лица.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 10 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 14 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 15 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 16 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 17 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 18 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена