Поврзи се со нас

Македонија

81% од моментно хоспитализираните со ковид и 78% од починатите се невакцинирани

Објавено

на

Според извештаите од болниците, моментно се хоспитализирани 340 лица, a од нив 81 отсто не се вакцинирани, додека 19 проценти се вакцинирани. Во исто време, 78 отсто од починатите лица од Ковид-19 биле невакцинирани, а 22 отсто примиле вакцина, се вели во анализата објавена од Министерството за здравство за вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19 во период од 6 август 2021 година до 13 јануари 2022 година.

За вакцинирани се сметаат лицата кај кои се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

Од Министерството потенцираат дека изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.

Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата како позитивни на Ковид-198 се тестирани 85.593 граѓанин, од кои 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Анализата на Министерството покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

– Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година 78 отсто од починатите лица со Ковид-19, биле невакцинирани, а  22 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, посочуваат од Министерство.

Од Министерството за здравство укажуваат на важноста на вакцинација и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 12 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 16 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 17 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 19 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 21 час

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 22 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 2 дена

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена