Вести
Во април, просечно секој ден по една сообраќајка во Гостивар
Статистичките податоци на полицијата покажуваат дека изминатиот месец на гостиварското подрачје се случиле триесетина сообраќајни несреќи. Загрижувачки е фактот што бројката е за десет повеќе, во споредба со истиот период лани.
Една од несреќите беше со трагични последици, односно со загинато лице. Во однос на повредите, имало две потешко и тринаесет полесно повредени лица. Осумнаесет од сообраќајките завршиле само со материјална штета, која се проценува на близу три милиони денари.
„Најмногу од несреќите, повторно се регистрирани на гостиварските улици, околните регионални патишта и магистралата Гостивар-Кичево, на кои впрочем е и најголема сообраќајната динамика, односно фрекфенција“, се вели во полицискиот извештај.
Најчести причини остануваат: пребрзо возење, па потоа неправилно вршење дејствие, недржење растојание, непочитување првенство и непропуштање пешак. Карактеристично и за април е, исто така, што се уште на ова подрачје се движеле значителен број нерегистрирани, технички неисправни и возила кои ги управувале лица без положен возачки испит. Во текот на минатиот месец биле исклучени од сообраќај 136 возачи и 90 возила. На 133 им се регистрирани негативни бодови, на 613 изготвени им се покани за наплата на парична глоба и друго.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот