Поврзи се со нас

Гостивар

Мицкоски и Таравари заедно во Гостивар на трибина за Денот на мајчиниот јазик

Објавено

на

Граѓаните да се обединат за вистинските вредности, да се почитуваат и да градат мостови преку различните јазици. Ова беа дел од пораките од трибината којашто денес се одржа во Гостивар по повод Светскиот ден на мајчниот јазик, а на која учествуваа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Гостивар и Генерален секретар на АА, Арбен Таравари.

„Тука сме во Гостивар, општина којашто има три официјални јазици: македонски, албански и турски и ова е одлична можност да испратиме заедичка порака за обединување, дека е доволно поделби во Македонија, граѓаните да се обединат и да застанат за вистинските вредности, почитување, разбирање, борба против криминалот и корупцијата што е суштински проблем ми се чини 30 години веќе, да се бориме за поквалитетно образование, не вакво уништено какво што е сега, да не бидеме рекордери по број на луѓе што ги загубија животите од ковид. Се‘ она што е пораз, да го претвориме во победа, тоа е пораката.“, изјави Мицкоски.

Таравари истакна дека јазиците треба да бидат мостови кои спојуваат.

„Една од најубавите кампањи што ги започнавме со мојот тим беше токму Three Languages ​​One City! Инспирирани од нашиот град, кој толку убаво го држи ова големо богатство, сакаме да му покажеме на светот дека постои град, Гостивар: во кој Албанците, Турците и Македонците зборуваат во мир и со меѓусебно почитување нивниот јазик. Се разбира, без да се заборават јазиците на заедниците кои живеат во нашата земја, бидејќи тие го збогатуваат мозаикот со кој сме благословени. Јазикот е куп генијални звуци кои ни дадоа можност да ги запознаеме личностите како Исмаил Кадаре или Азиз Несин, да ги слушаме епските стихови на браќата Миладиновци. Јазиците се и треба да бидат мостови кои само треба да здружуваат и поврзуваат што е можно повеќе луѓе“, истакна Таравари.

Настанот го организираше централната комисија за култура на ВМРО ДПМНЕ, под мотото „Мајчиниот јазик е идентитет“. На трибината зборуваа и универзитетски професори.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена