Вести
Три тони отпад ќе падне на Месечината
Околу три тони вселенски отпад – остатоци од ракети, непланирано ќе се судрат со Месечината, создавајќи масивен кратер и ќе кренат прашина од нејзината површина. Некои научници веруваат дека ѓубрето се движи во Вселената откако Кина ја лансираше својата прва мисија во 2014 година.
Стручњаците веруваат дека вселенското ѓубре ќе падне на подалечната страна на Месечината, која не е покриена со телескопи, во петок со брзина од 9.300 километри на час. Ќе бидат потребни седмици, а можеби и месеци за да се потврди ударот со сателитски снимки.
Според некои познавачи, отпадот потекнува од Кина, што Пекинг го негира.
Астрономот Бил Греј од САД, кој следи астероиди, тврди дека е сигурен дека се работи за кинеска ракета. – Не гледам како тоа би можело да биде нешто друго, смета тој.
Научниците мислат дека остатоците ќе направат кратер длабок 10 до 20 метри на површината на Месечината. А, бидејќи речиси и нема атмосфера, нашиот природен сателит и нема одбрана од судир со метеори, астероиди или други објекти кои би можеле да го погодат. Поради овие услови, нема ниту ерозија, така што кратерите остануваат така засекогаш.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот