Вести
Милановиќ: Ова е сериозно, треба да се утврди како летало од 6 тони паднало во Загреб
„Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно беспилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво“, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако синоќа синоќа околу 23 часот во Загреб се урна дрон од руско производство.
„Не добивме никаква дојава. Објектот летал над Унгарија повеќе од 40 минути, во Хрватска летал помалку од седум минути и паднал во областа Јарун, во Загреб, за среќа без жртви. Ова е сериозен инцидент и ние така се однесуваме кон него. Во тек е истрага, сакаме да ги утврдиме сите детали“, рече Милановиќ.
Милановиќ, ги повика граѓаните да останат смирени, посочувајќи дека според проценките ова не било насочено кон Хрватска.
„Во моментов, предмет на сериозна истрага е како е можно никој да не го забележал ова“ рече Милановиќ, со оглед дека леталото во хрватскиот воздушен простор било многу кратко време.
“Ќе се утврдуваат фактите. Како е можно несофистициран авион да помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи? Во истрагата се вклучени воени служби. Како што стојат работите, леталото полетало од Украина, паднало над Загреб кога останало без гориво“, рече Милановиќ.
Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот