Поврзи се со нас

Македонија

Единствениот европски број за итни повици 112 функционира на ниво на целата држава

Објавено

на

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека единствениот европски број за итни случаи 112 веќе функционира на ниво на цела држава и оти ЦУК започнува со кампања со цел информирање на граѓаните за работењето на линијата, преку која се координираат повиците до полиција, Брза помош и Противпожарната единица.

– Од денеска започнуваме со кампања во соработка со Канцеларијата на ЕУ којашто ќе оди на две национални телевизии, една на македонски, една на албански, со која што граѓаните ќе бидат известени и запознаени со постоењето на овој број. Покрај на овие две национални телевизии кампањата ќе оди и на неколку радија, како и на неколку локални телевизии. Воедно оваа кампања за запознавање на граѓаните со постоењето на 112 ќе оди и на интернет и тоа на повеќе портали, на повеќе веб страни и на Фејсбук и на Јутјуб – граѓаните ќе можат да се запознаат со постоењто на 112 преку трите афирмативни спотови, наведе Ангелов.

Директорот на ЦУК образложи дека секторот 112 не е нова институција којашто решава проблеми на граѓаните или решава итни состојби туку е само сектор во ЦУК којшто ги координира повиците, односно ги прима, ги селектира и ги распределува понатаму до надлежните министерства или други институции.

– Една од предностите на овој сектор, којшто ќе го градиме во движење, затоа што не е во совршена форма, е селекцијата на повиците. На тој начин ние на примарните институции им ја олеснуваме дел од работата. Вршиме селекција на повиците врз основ на приоритетот, односно повици на коишто треба итно да се одговори затоа што се животозагрозувачки и повици кадешто граѓанинот којшто има неопходна помош може малку да почека, бидејќи сепак капацитетите се ограничени и не може во исто време да се излезе во пресрет на повеќе засегнати граѓани, истакна Ангелов.

Тој потенцираше дека постоечките броеви 192, 193 и 194 и понатаму постојат и се отворени.

Тој наведе дека повиците на 112 се снимаат и доколку при повикот некој се однесуваа несоодветно, навредува или слично за истото ќе биде пријавен во МВР.

Раководителот на првото одделение којшто раководи со сите приматели на позиви Тони Костов информираше дека за време на функционирањето на телефонскиот број 112  во изминатиот период во времетраење од еден месец досега се примени околу 27.000 повици или околу 950 повици на дневно ниво.

– Во период од 11 февруари до 28 февруари кога телефонскиот број 112 функционираше само на територија на Скопје во просек беа примени околу 650 повици на дневно ниво, а со вклучување на целата територија на државата од 1 март досега обемот на повици се зголеми за два и пол пати, така што во изминативе 11 дена од месец март имаме над 1550 повици на дневна основа. Сите повици се примени, извршена е проценка и соодветно се насочени кон соодветните институции кои треба да интервенираат, додаде Костов.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 минути

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 3 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 3 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 4 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 4 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 19 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 21 час

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 23 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена