Поврзи се со нас

Гостивар

ДИК ја запре постапката за избор на градоначалник во Маврово Ростуше

Објавено

на

Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат.

Овој заклучок, Државната изборна комисија го носи поради тоа што досега по истекот на сите законски рокови, до Општинската изборна комисија Маврово Ростуше нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година.

– Поради тоа ние мораме да констатираме со заклучок дека ДИК од своја страна ја запира постапката за спроведување на сите изборни дејствија во Маврово Ростуше, согласно донесениот роковник, нагласи Борис Кондарко, член на Комисијата.

ДИК побара писмено да биде известен претседателот на Собранието, надлежен за распишување на избори.

Минатата недела, кандидатот на СДСМ Куртовски информираше дека нема потреба од дополнителни трошоци во време на криза за избори што можат повторно да бидат неуспешни.

– Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на Општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни, вели Куртовски.

Согласно дневниот ред, на денешната седница беше изгласан предлог-заклучокот за внатрешна организација и координација на работата на ДИК во стручна служба од 13 март 2022 година. Комисијата едногласно ја донесе и одлуката за измена и дополнување на годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Комисијата и Кодексот за набљудување на изборите во Центар Жупа.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 37 минути

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 2 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 3 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 5 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 5 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 7 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 8 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 8 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 10 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена