Гостивар
Гимназија Гостивар: Презентации за полуматурантите во рамки на „Месец на науката“
Гостиварската гимназија одбележува „Месец на науката-март 2022“ во рамки на кој се одржуваат најразлични активности и се реализираат проекти од предметите по природни науки, математика и информатика. Во таа насока, денес во посета на гимназијата беа деветтоодделенците од училиштата во Гостивар, кои имаа можност да се запознаат со гимназиското образование и условите во училиштето со акцент на наставните програми и практичната настава во новоопремените кабинети по биологија, физика, хемија, математика и информатика.
„Оваа година, прв пат организираме ваков настан, едукативни активности по информатика, математика и приодните науки во нови и реновирани кабинети, донација на Општина Гостивар, за што ја користам оваа прилика да се заблагодарам. Науката е иднината на едно општество, затоа како гимназиско образование даваме акцент во изучувањето на овие предмети. Очекуваме многу деветтоодделенци да станат дел од нашето училиште, затоа што гимназиското образование е чекор поблиску до идната професија, како на пример добар програмер, доктор, инженер итн.“, рече професорката Светлана Јовановска, заменик директор на гимназијата.
Полуматурантите имаат можност да ги разгледаат кабинетите, да поразговараа со префосорите, да се информираат за практичниот наставен дел и да погледнат интересни експерименти и демонстрации.
Активностите во склоп на Месец на науката ќе продолжат до крајот на март, а од гимназијата планираат да станат традиција на училиштето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ