Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Општина Гостивар со видливи резултати од проектот „Зајакнување на општинските совети“

Објавено

на

Програмата „Зајакнување на општинските совети“ на Швајцарската агенција за развој и соработка, во изминатите пет години се спроведе во 24 општини во државата, меѓу кои и Гостивар. Како дел од првата компонента на програмата, повеќе од 420 општински советници минаа низ над 100 обуки кои им помогнаа да ги подобрат своите знаења и вештини за 11 области во надлежност на локалната самоуправа. Истовремено, сите 1 347 советници во државата добија можност за дигитално вмрежување, учење од далечина и сертифицирање преку наменска веб платформа изработена во рамки на програмата.

„Главната придобивка на програмата „Зајакнување на општинските совети“ е што помогна да се подобри квалитетот на живот на граѓаните во 24-те партнерски општини, но во исто време воспостави алатки и пракси кои го зајакнуваат капацитетот и на советниците и на општинската администрација, и го охрабруваат учеството на граѓаните преку Форумите на заедницата. Проектот дополнително финансираше мали проекти произлезени како резултат на граѓанското учество, меѓу кои и снабдување со противпожарни возила. Со ова се трасира патот кон изградба на транспарентни, отчетни и автономни локални самоуправи кои на прво место ќе ги имаат потребите и интересите на граѓаните. Швајцарија останува посветен поддржувач на доброто владеење на локално и национално ниво во Република Северна Македонија“, изјави Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија.

На завршниот настан денес во Скопје, се обрати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Општина Гостивар како една од 24-те општини учеснички во проектот постигна видливи резултати во информирањето и активно ги спроведува улогите на надзор и застапување. Општина Гостивар како дел од овој проект станува поефикасна во откривањето и задоволувањето на потребите на граѓаните. Започнавме со директен пренос на седниците на Советот на општината за поголема транспарентност, се зајакна улогата на советниците и др. Се заблагодарувам и за финансиската поддршка, конкретно за доделувањето на мали грантови, кои преку овој проект им овозможија на граѓаните да бидат дел од донесувањето на одлуки.“, подвлече Таравари.

Програмата „Зајакнување на општинските совети“ се реализираше со вкупен буџет од 3,5 милиони швајцарски франци, а ја спроведе Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women).

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 13 минути

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 2 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 3 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 16 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 17 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 19 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 20 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 21 час

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена