Гостивар
Несреќа во гостиварско Чајле, тешко повредено 20 годишно момче
Во сообраќајна несреќа која се случила вечерва во гостиварското село Чајле во близина на селската џамија, со тешки телесни повреди се здобило едно лице, додека три други завршиле со повреди од полесен карактер.
Според информациите кои Gostivarpress.mk ги доби од СВР Тетово, несреќата во полиција била пријавена во 19 часот и 20 минути. Патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварска регистрација, кое го управувал Б.З. на возраст од 20 години, изгубило контрола, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид на куќа. Од ударот возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди, а повредени биле и 3 сопатници во возилото.
Сите биле пренесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош, од каде 20 годишникот бил префрлен на скопските клиники.
Увид на местот на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ