Поврзи се со нас

Македонија

Шаќири: Од штрајкот губат сите – и децата и наставниците и државата

Објавено

на

„Став на Владата и на Министерството за образование е дека зголемување на платите на наставниците треба да има и дека низ преговори треба да се утврди најдобриот начин тоа да се направи. Истовремено, кажавме дека од прекин на работа во чувствителна дејност како што е образованието, губат сите – и децата, и наставниците и државата. И тоа се ненадоместливи загуби. Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување“, нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето на „Алсат-М“.

„Да мислевме дека платите не треба да се зголемат, ќе се спротивставевме уште на првите средби со СОНК, и ќе ги прекиневме преговорите. Но, тоа не го направивме. На секоја средба истакнувавме дека треба да се види секоја добра можност за да се зголемат. Но, изминатите две години имавме здравствена криза, и сите знаеме како функционираше образовниот систем во таа ситуација. И синдикатот и јас знаеме дека се боревме за опстанок, само да го заштитиме здравјето“, рече Шаќири.

Тој појасни дека се прават буџетски анализи за што побрзо да се одговори на барањето на СОНК и да се види колку нјамногу може да се исполни и кој е најсоодветен модел.

„Ме радува што се зголеми минималната плата. Ова го поздрави и опозицијата. Ме радува фактот што расте и просечната плата. Ова се позитивни показатели на економскиот развој. Но, ние ќе постигнеме успех кога овие два показатели, минимална и просечна плата ќе може да се усогласуваат и со платите во образованието“, посочи министерот.

За да сфати и јавноста, но и опозицијата, како што рече министерот, со измените на Законот за минимална плата сите што добиваат под минималната плата, треба да се израмнат со минималната плата. Второ, по усвојување на минималната плата, во рок од 6 месеци, треба да се усогласат сите плати. Ние ова го правиме побрзо, дискутираме и ја гледаме секоја можност. Затоа, рече Шаќири, велам дека имаме разбирање и уште од првото синдикално барање ние сериозно се нафативме со решавање на предизвикот.

„Нашиот ангажман е ова да биде што поскоро реално. Кога велам реално, тоа зависи од буџетските средства што ни се во располагање. Бараме системско решение. Ако минималната плата во 2023 година биде да речеме 20 илјади денари, според тоа решение да се зголемуваат платите. Мене ме радува што зборуваме за зголемување на платите. Да не се враќаме на претходниот период,  пред 10 или 15 години, какви биле условите и можностите. Ние дискутираме за оваа можност во наредниот период“, дециден беше Шаќири.

 

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 10 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 15 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 16 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 18 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 19 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 21 час

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена