Македонија
СОНК не попушта, штрајкот продолжува!
Советот на СОНК денес одржа седница на која ги анализираше заклучоците кои ги донесе Владата вчера во врска со штрајкот во училиштата и градинките. Став на СОНК е дека штрајкот ќе продолжи, се‘ додека не се постигне договор и не се потпише спогодба.
„Советот направи темелна анализа на заклучоците, но и на процесот и реализирање на штрајкот. Советот на СОНК констатира дека зкалучоците на Владата не водат кон решевање на несогласувањето меѓу синдикатот и Владата и Министерствата и дека со заклучоците се врши силен притисок врз штрајкувачите, се спори правото на штрајк. Советот исто така, констатира дека одредени министри упорно се обидуваат да ги заплашат штрајкувачите дека ќе им бидат скратени дневниците за деновите на штрајк, што е притисок. Не треба да се заплашауваат штрајкувачите дека ќе им бидат скратени дневниците во штрајк каде се прекршени правата според колективен договор. Понатаму, понудените 10% зголемување на платите по ребаланс на буџетот се бетонираат со заклучокот на Владата и не се остава за дополнителни преговори. СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот доколку се почитуваат законите, значи бараме до изминување на 6 месеци од носење на минималната плата, да има изведначување со гранските договори како што е предвидено. Потребно е интензивирање на преговорите со конктруктивни преговори час поскоро да се усогласат ставовите. Штрајкот продолжува додека не постигнеме договор и потпишеме спогодба“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК на прес конференција попладнево.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот