Македонија
Судиите сепак одлучија да не протестираат утре
Управниот одбор на Здружението на судии вчера (26 април) на седница донесе заклучок да го пролонгира протестот, кој беше најавен за утре.
„Управниот одбор констатира дека од страна на Владата на РСМ се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15%, и изрази очекување дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието на РСМ. Тргнувајќи од овие констатации и определбата на органите и телата на ЗСРСМ и судиите, за решавање на спорните прашања низ дијалог, Управниот одбор донесе одлука да се пролонгира предупредувачки протест. Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РСМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби.“, соопшти Здружениео на судии.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот