Поврзи се со нас

Гостивар

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Објавено

на

Основните училишта „Мустaфа Ќемал Ататурк“ и „Гоце Делчев“ во Гостивар добија ботанички градини, создадени со цел учениците да развиваат љубов кон природата и екологијата и да ги надополнуваат знаењата по природните науки.

Градините се поставени во рамки на проектот „Едукација на еколошки свесни генерации“ што го реализира Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар.

„Првата цел ни е децата да ги поврземе со природата, на начин што преку работа во  градината ќе може практично да се запознаат кои растенија виреат во нашиот регион, како се сади, што треба претходно да се направи, како да се подготви земјата и сите други нешта поврзани со одгледувањето растенија. Со нив ќе работат наставниците по биологија, природни науки, но многу ни е мило што и други наставници искажаа интерес, па веруваме дека и учителките и наставниците по другите предмети ќе можат на свој начин да ја вклопат ботаничката градина во својот предмет како ресурс, во нивната работа. Презадоволни сме од интересот кој го искажуваат децата, и штом заврши часот на голем одмор доаѓаат да видат што се случува во градината“, изјави Сунчица Ѓурчиноска, проектен координатор на пуштањето во употреба на ботаничката градина денес во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.

На настанот присуствуваа и претставници од општината.

„Благодарност до организацијата што го реализира овој проект. Мислам дека е од голема корист за децата, за проширување на нивните знаења по природните науки. Ќе биде убаво, овие градини да ги посетуваат и учениците од другите училишта“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.

Директорот на училиштето Нури Мазлам во обраќањето истакна дека ботаничката градина треба да биде поттик и пример за децата во иднина.

„За жал во последно време земјоделието е запоставено и ете ова нека биде како еден вид поттик и пример децата од мала возраст да ги имаат основните познавања за ботаниката“, рече Мазлам.

Пред присутните зборуваше и претставничката од Македонското еколошко друштво (МЕД), Фросина Пандурска, која меѓу другото изрази задоволство што е воспоставена добра соработка со спроведувачите на проектот и искажа надеж дека ова ќе биде прва во низата заеднички активности.

Проектот е финансиран од германската фондација за животната средина ДБУ, и Фондација Јенсен, Еуронатур, и е поддржан од МЕД.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 11 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 12 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 14 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 15 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 16 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 18 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 18 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 19 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена