Поврзи се со нас

Гостивар

Реновирани одделенија во болницата во Гостивар, инвестиција од 200.000 евра

Објавено

на

Гинекологија и интерното одделение во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ добија подобри услови за пациентите и имаат нов изглед. Реновираните оддели денес беа официјално пуштени во употреба, а инвестицијата беше промовирана во присуство на болничкиот кадар, директорот на Фондот за здравство, Фатон Ахмети, и личности од јавниот и политичкиот живот.

Гинеколошко акушерското одделение има ВИП соби за родилки, а интернистичкиот оддел е реконструиран и подновен со инвентар.

„Во ВИП зоната на гинекологија се создаваат луксузни услови за родилките. Интерното одделение пак и коронарната единица беа носител на работата за време на ковидот, затоа проценивме дека таму има најмногу потреба да се изврши реновирање и да се подобрат условите.“, истакна директорот на болницата, Јакуп Јакупи.

Инвестицијата е во вредност од околу 200.000 евра.

Во меѓувреме течат работите за обнова на фасадата на болничкиот објект, лимените конструкции и замена на прозорците.

„Се заменуваат прозорци во вкупна површина од 1.420 квадрати, се врши обнова на 1.200 квадрати лим, како и реконструкција на 8.000 квадрати фасада на објектот, според сите норми што треба да се запазат, за да добиеме енергетска ефикасност. Овој проект, вреден  500.000 евра се реализира преку Владата, со пари од ТАФ компанијата, а ние го добивме преку конкурирање. Може да кажам дека ова е перфектен проект за енергетска ефикасност.“, рече Јакупи.

Како што информираше директорот во однос на реализацијата на овој проект, предниот дел од зградата е завршен и се продолжува со работите на целата зграда.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена