Гостивар
Разиграно со основците на Ден на танцувањето во Гостивар
Учениците од основните училишта во Гостивар, кои ги сакаат музиката и танцувањето, низ игра и забава се дружеа и имаа прилика да го покажат својот танцувачки талент. Општина Гостивар во соработка со основните училишта организираше Ден на танцувањето, настан што се одржа претпладнево во летниот Амфитеатар покрај Кејот на Вардар.
„Ова е еден натпревар по танцување меѓу основците преку кој сакаме децата да ги покажат своите таленти и секако да имаат убава дружба. Се трудиме да организираме вакви воншколски активности од различни области, особено ликовно, спорт и музика. За децата тие се многу интересни, им го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, се дружат и навистина уживаат“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Сите учесници на настанот добија благодарници, а жири комисија одреди кои изведби беа најдобри, односно наградени со прво, второ и трето место.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот