Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата до велосипедистите: Движете се прописно по улици, казната е 50 евра!

Објавено

на

Од средината на овој месец посебно, на патиштата и улиците во тетовско-гостиварскиот регион забележително зголемен е бројот на велосипедисти-учесници во сообраќајот.

„Бидејќи на многу од сообраќајниците на подрачјето не постојат наменски обликувани патеки за нив, апелираме до велосипедистите да се движат прописно, односно крајно десно по коловозот, еден позади друг. Се апелира, исто така, во вечерните часови велосипедистите да бидат адекватно осветлени и да ги избегнуваат темните улици, да внимаваат на знаците кога свртуваат лево или десно, но и задолжително слезени од велосипед да ги преминуваат улиците на обележани премини и друго. Во спротивно, велосипедистите ќе се соочат со законски предвидените сакнции, односно ќе им се изготвуваат соодветни поднесоци, а зависно од видот на сторениот прекршок, согласно член 97  од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидени се парични глоби од 50 евра во денарска противвредност.“, подвлекуваат од СВР Тетово.

На возачите на патнички и други возила, пак, им се укажува да бидат максимално внимателни кон велосипедистите и пешаците, особено на пофрекфентните улици. Зашто, меѓу оние кои управуваат велосипеди неретко се среќаваат и малолетници кои не се толку вешти во управувањето и потешко се снаоѓаат, пред се на крстосници, во колони од возила и слично.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена