Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 200 тони ѓубре дневно на Русино – Полошките општини фрлаат, ама тешко плаќаат

Објавено

на

Комуналните претпријатија или концесионерите секојдневно носат отпад на гостиварско Русино од полошките општини, но тешко плаќаат фактури и не ги подмируваат долговите. Поради тоа, регионалното претпријатите „Русино-Полог“, кое беше формирано за да менаџира со депонијата, по само неколку месеци од функционирањето, се наоѓа во финансиски ризик. Раководството алармира дека ќе нема доволно пари да го плаќа операторот ангажиран за тековно одржување на Русино, ниту пак за плати на вработените, ако општините и комуналните претпријатија не си го подмират долгот.

„Во моментот на Русино отпад одлагаат 9 општини од Полог, преку комунални претпријатија или концесионери, како и приватни фирми. Финансиски се соочуваме со проблеми, бидејќи општините требаше да го подмират долгот во вид на субвенции, кој изнесува околу 2 милиони денари вкупно, а од друга страна има и наталожен долг од 1,6 милиони денари од фактурирани, а неплатени сметки. Може да кажам дека подисциплинирани се приватните фирми, кај кои фактурирани се 521.000 денари од кои околу 90% се подмирени. Комуналните претпријатија и општините имаат навистина голем долг кој достига вкупно околу 3,6 милиони денари. Ако овој долг не се исплати што поскоро ќе дојде до блокада на работатаа на претпријатието, бидејќи нема да бидеме во можност да го платиме операторот за услугите, ниту да ги исплатиме работниците. Ќе  бидеме приморани да ставиме забрана за влез и излез на камиони од депонијата Русино“, вели директорот на регионалното претпријатите „Русино-Полог“, Бесим Догани.

На влезот од депонијата поставена е вага која ја мери количината на отпад што се превезува од камионите. Отприлика секојдневно вкупно на Русино се носта 200 тони ѓубре од полошките општини.

„Во претпријатието имаме 13 вработени вклучувајќи ја и администрацијата, а работното време е од 8 до 19 часот, односно временскиот период во кој се одлага отпадот. Имаме ангажирано оператор кој врши секојдневно одржување на депонијата, значи порамнување на сметот и покривање кога е потребно. Исто така, редовно се третираат и отпадните води со што значително е намалено нивно одлевање“, појаснува директорот.

Претпријатието периодов очекува да потпише договор за донација од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања во висина од над 100.000 евра, кои ќе се наменат за порамнување и целосно покривање на депонијата со што ќе се спречи ризикот од пожари, емитување на штетни гасови и лоша миризба.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена