Гостивар
Противпожарна во Гостивар доби возило за интервенции на висина
Противпожарната единица во Гостивар се поднови со специјално возило за интервенции на висина. Камионот за гаснење пожари со ескалатор висок 28 метри, е обезбеден преку донација од хуманитарната организација Hasene, а денес во кругот на пожарната беше извршено официјалното примопредавање, на кое присуствуваше градоначалникот Арбен Таравари.
„Посебна чест ни е што од невладината организација Hasene како донација добиваме камион за Противпожарната единица за интервенции на висина, нешто што токму недостасуваше во единицата. Се надевам дека што помалку ќе се користи, а кога ќе биде неопходно дека ќе даде добри резултати.“, рече градоначалникот.
Претставниците на организацијата Екрем Билали и Хајул Имери истакнаа дека им е драго што со оваа донација се дава помош за Противпожарната единица, којашто е една од најважните и елементарна за граѓаните.
Според најавите, до крајот на годината, за потребите на гостиварските пожарникари ќе биде обезбедено уште едно специјално возило.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот