Гостивар
Бањички кромид и домати ќе има помалку, дождот удира по земјоделието

Секојдневните обилни врнежи од дожд во јуни носат маки и проблеми за земјоделието. Одредени култури, како кромидот и доматите (јабучар) се на ризик од преполовување на родот. Регионот на гостиварска Горна и Долна Бањица е надалеку познат токму по овие земјоделски производи. Агрономите велат дека невообичаено долгиот врнежлив период ќе има влијание врз приносите, а ја зголемува и појавата на болести кај земјоделските култури. Дождовите не им дозволуваат на земјоделците да влезат во нивите навреме.
„Времето секако влијае на приносите, на сеидбата и другите земјоделските активности кои вообичаено се прават и се случуваат во овој период од годината. Проблемот е што подолго време врне, а на почетокот од сезоната земјоделците ги извршија сите подготвителни работи, извршија посев на расадот и кога требаше да го пресадат почнаа дождовите, значи има голема влажност, и не успејаа сите на време да ги посеат културите. Доматите имаа добар расад, навреме никнат, но кога требаше да го пресадат се задоцни. Проблем е времето, бидејќи има голема влажност и се јавуваат доста болести. Најчесто бактериоза, сите бактерии се на земјината кора, а има и габични заболувања.“, вели агрономот Северин Фазлија, кај кого земјоделци од гостиварскиот регион секојдневно доаѓаат да се советуваат и консултираат.
Невремето со град кое го зафати Гостивар неодамна беше дополнителен удар врз земјоделците. „Градот направи голема штета на расадот. Сето тоа ќе им ја отежни работата и ќе им го намали приносот, а им создава дополнителни трошоци за заштита, односно за самото прскање. Поради времето скоро сите култури ќе задоцнат на пазарите, но сепак сметам дека компирот и патлиџанот за август ќе бидат готови, а кромидот во септември, можеби и подоцна. Сето тоа зависи и од натамошните временски прилики. Приносот веројатно ќе се намали, но најважно е да ги посеат културите.“, нагласува агрономот.
Кромидот и доматите од гостиварска Бањица, според оценките на познавачите, се едни од најквалитетните на Балканот, но загрижувачки е што секоја година се намалуваат засадените површини.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!