Поврзи се со нас

Вести

Бејта: Таравари не е способен, говори невистини, деградира административци и нема сработено ништо

Објавено

на

 

“Наместо да ја реализира својата програма што ја вети, Таравари уценува и ги понижува моите соработници, мојата партија и моите граѓани. Спроведува политички реваншизам, вработува партиски војници во јавните претпријатија и во администрацијата, а од друга страна 15 административци кои успешно работеле ги премесети во друга зграда со несоодветни простории и никакви услови“, изјави денес поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта на прес конференцијата што ја одржа по повод 100 дена владеење на новиот градоначалник.

Бејта оцени дека досегашното работење на Таравари е неуспешно и проследено со незаконитости: „За кратко време во јавните претпријатија и адмнистрацијата има вработено над 100 партиски војници кои нема каде да седат и не работат ништо. А сите тие се плаќаат од пари на граѓаните. Тој нема способности, не знае да менаџира, не беше способен како министер, не е ни сега како градоначалник. Ако зборува да има нови избори во Гостивар, нема тоа да бидат избори за советници, туку може да има избори за нов градоначалник“

Во однос на обвинувањата во кампањата на Таравари „Вистината за ДУИ“ , Бејта коментира дека сите изнесени тврдења се лаги:

„Кажува невистини за моето работење и за огранокот на ДУИ во Гостивар. Од тоа што го кажува, не е точно ништо. Ако сум грешел нека поднесе пријави до јавно обвинителство и јас ќе одговарам пред ограните на правда. Тие документи се јавни, ние сме биле транспарентни, а сите процедури биле како што е предвидено со Закон. Продажбата на земјиштето, се прави во соработка со Министертво за транспорт и врски и земјиштето е доделено на инвеститори кои донеле милиони во интерес на Гостивар и платиле комуналии, кои пари ние сме ги инвестирале во проекти“.

Бејта посочи и дека актуелниот градоначалник како министер за здравство исплаќал пари на фирми блиски до високи партиски функционери на ВМРО ДПМНЕ, со што како што рече, си ја обезбедил победата на локалните избори во Гостивар.

На прес конференцијата беа презентирани и предизборните ветувања на Таравари, од кои како што беше речено, ниту едно не реализирал.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 8 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 10 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 13 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 14 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 18 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена