Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Бејта во посета на гостиварската населба Дутлок

Објавено

на

 

На денешната агенда на кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта се најде гостиварската населба Дутлок. Бејта ги запозна жителите на населбата со новите проекти за овој дел на градот, предвидени во изборната програма  „Утрешен Гостивар“.

„Граѓаните од оваа населба се најголемите корисници на новата улица и мостот над реката Вардар, кои ги изградивме во изминатиот мандат со кои се овозможи слободно движење од населбата кон останатиот дел од градот. Овдешните ученици сега полесно стигнуваат до основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк” , кое е целосно реновирано училиште и се смета за едно од најдобрите училишта во земјава. Во него се гради и спортската сала. Тука имаме два стадиона во кои  инвестиравме многу и кои го прават Дутлок елитна градска населба. Исто така, инвестиравме и во реасфалтирањето на главната улица во населбата. Меѓу предвидените проекти во новиот мандат е изградбата на четвртиот мост над реката Вардар, според генералниот урбанистички план на градот, реасфалтирањето на улицата од центарот на Долна Бањица до населба Дутлок, доуредувањето на градските паркови, како и иницијативата за уредување и чистење на коритото на реката Вардар“, рече кандидатот за градоначалник за Гостивар од ДУИ, при посетата на Дутлок.

Бејта денес беше и во населбата Леска каде пред граѓаните зборуваше за предвидените проекти на ова населба:  нови канализации, реасфалтирање на улица,  поставување на ограда покрај реката Вардар, изградба на улицата во блок 11, изградба на Детско катче кај спортскиот терен во близина на мостот и други.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 13 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 14 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 17 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 18 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 20 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 20 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 21 час

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена