Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Блитва, боровинки, сончоглед…Храна што помага во борбата со стресот

Објавено

на

Главоболки, болки во стомакот, зголемен крвен притисок и евентуално слабеење на имунитетот, се најчестите последици од хроничниот стрес.

Во стресни ситуации, телото ослободува хормони како адреналин, допамин, норадреналин и кортизол. Стресот е поттик за многу болести, доколку е хроничен, ги загрозува белите крвни зрнца и не прави поподложни на вируси и бактерии. Во борбата против стресот се користат сите можни средства. Правилната исхрана е од големо значење кога станува збор за борба против оваа болест на современиот човек. Ова се некои од намирниците кои можат да бидат корисни во управувањето со симптомите на хроничен стрес.

Блитва

Евтината храна, достапна речиси цела година, може да биде моќен борец за стрес. Се проценува дека околу 150 грама блитва содржи околу 36 проценти магнезиум, кој игра многу важна улога во одговорот на нашето тело на хроничен стрес. Ниските нивоа на овој минерал се поврзани со состојби како што се анксиозност и напади на паника. Постојаниот стрес го намалува нивото на магнезиум во нашето тело, а некоја супа од блитва би можела да биде вистинскиот избор по долг и стресен ден.

Сладок компир

Слаткиот компир е богат со јаглехидрати и може да помогне во намалувањето на хормонот на стрес кортизол. Хроничниот стрес може да доведе до дисфункција на кортизол, што може да предизвика воспаление и болка. Слаткиот компир е добар извор на здрави јаглехидрати и одличен додаток на витамин Ц и калиум, важни борци против стресот.

Јајца

Јајцата се природен извор на неколку видови витамини, минерали, амино киселини и антиоксиданси неопходни за да се даде правилен одговор на стресот. Жолчките се особено богати со холин, хранлива материја која се наоѓа само во неколку видови храна. Се смета дека холинот помага да се контролира акумулацијата на холестерол. Тоа е исто така корисно во пренесувањето на нервните импулси, особено оние кои се користат во мозокот за формирање на спомени. Според истражувањата, тој е борец против губење на меморијата во подоцнежните години.

Тој игра важна улога во елиминирањето на отровите и лековите од вашето тело бидејќи му помага на црниот дроб. Се смета дека има смирувачки ефект и помага во лекувањето на Алцхајмеровата болест.

Масна риба

Масните видови риби како што се сардини, скуша, лосос се многу богати со омега 3 масни киселини и витамин Д, кои се првата линија на одбрана во борбата против стресот. Омега 3 киселините не само што се добри за функцијата на мозокот, туку можат да помогнат и во борбата против хроничниот стрес. Витаминот Д игра голема улога во регулирањето на нивото на стрес.

Магдонос

Оваа зелена билка достапна во текот на целата година е полна со антиоксиданси кои ги неутрализираат нестабилните молекули познати како слободни радикали.

Улогата на „магдоносот“ е повеќе од значајна кога станува збор за оксидативниот стрес. Оксидативниот стрес наједноставно значи состојба на организмите при разни болести и труења кога е зголемено производството на слободни радикали. Штетните ефекти на слободните радикали потоа го надминуваат капацитетот на антиоксидантниот одбранбен систем на телото и доведуваат до низа патофизиолошки нарушувања со понекогаш многу сериозни последици.

Оксидативниот стрес е поврзан со депресија и анксиозност. Антиоксидансите од магдоносот помагаат и при воспаление, кое е вообичаено кај луѓето кои се изложени на хроничен стрес.

Сусам

Сусамот е одличен извор на триптофан, есенцијалната аминокиселина Л-триптофан, која е добра против несоница, при поблаги форми на депресија, се смета дека го олеснува расположението со зголемување на серотонин (хормонот на среќата), ја ублажува болката. Оваа аминокиселина е добра и за регулирање на телесната тежина, бидејќи го потиснува чувството на глад и желбата за јаглехидрати.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед  се богат извор на витамин Е. Тој е моќен антиоксиданс и неопходен за менталното здравје. Нискиот внес на овој витамин е поврзан со промени во расположението и депресија. Семките од сончоглед се ризница на магнезиум, селен, цинк, витамини од групата Б и манган кои можат да помогнат во борбата против хроничниот стрес.

Чај од камилица

Се користи уште од античко време за контрола на стресот. Докажано е дека една шолја чај од камилица обезбедува здрав сон и помага при симптоми на депресија и стрес.

Боровинки

Боровинките можат да помогнат при многу здравствени проблеми и да го подобрат расположението. Имаат антиоксиданси кои имаат силно антиинфламаторно дејство. Тие исто така ги штитат нервите и се борат со стресот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена