Македонија
Бројката на нови случаи на ковид денес падна под 100

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа при направени 1.176 тестови регистрирани се 92 нови случаи со КОВИД-19, тројца починати и 363 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 92 случаи од Скопје се 60, Кавадарци и Охрид по 6, Прилеп 5, Струмица 4, Куманово и Гостивар по 2 и Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево по 1.
Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.
Од 363 оздравени пациенти од Скопје се 200, Кавадарци 28, Велес 25, Куманово 17, Битола 14, Прилеп 13, Тетово 9, Кичево 8, Штип и Гевгелија по 7, Радовиш и Ресен по 6, Неготино 4, Струмица и Гостивар по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово по 2 и Валандово, Демир Капија и Дојран по 1.
Од тројцата починати двајца се од Скопје (73г и 80г), а едно починато лице е од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.176 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Куманово-2, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-71, Биотек-34, Систина-33, Никоб Лаб-136, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-17, Рапид Лаб–3 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 648.
Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а на активни случаи изнесува 1.816.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022