Гостивар
Да нема дупло плаќање на гробиштата во Гостивар, предлог на советникот Адеми

Треба да се намали финансискиот товар кој граѓаните го имаат за гробиштата при отворање на нов гроб, смета советникот од АА во Советот на Општина Гостивар, Зулфи Адеми. Тој на последната седница даде предлог граѓаните да се ослободат од плаќањето што го вршат приватно, а отворањето на гробовите да се врши само во рамки на претпријатието „Комуналец“.
„За отворање на нов гроб граѓаните плаќаат сума од 13.000 денари во ЈП Комуналец и на приватно уште околу 250 евра. Сметам дека услугата треба да се спроведува само преку претпријатието, да се ослободат од плаќање на приватно, отворањето на гробовите да биде во рамките на претпријатието „Комуналец“ и граѓаните да вршат само една уплата во претпријатието, а не две плаќања (приватно и во претпријатието). На тој начин ќе се намалат трошоците.“, рече Адеми во изјава за Gostivarpress.mk.
Предлогот допрва ќе се разгледува и за него ќе се одлучува на некоја од наредните седници.
Адеми дополни дека е потребно и формирање на посебно јавно претпријатие за гробишта и гробни услуги, што исто така ќе го формализира како предлог.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја