Поврзи се со нас

Гостивар

Дечиња од Гостивар другаруваа, се едуцираа и порачаа: Разликите не‘ зближуваат!

Објавено

на

Дваесетина основци од гостиварските училишта од различни националности и верска припадност имаа можност три дена 20-23 јуни) низ различни активности, да другаруваат и да учат за карактеристиките на Гостивар и регионот, со цел што подобро да се запознаат меѓусебе и да градат почит и разбирање.

Во рамки на проектот насловен „Разликите не‘ зближуваат“ на децата им беа презентирани фотографии од стар Гостивар, ги посетија Беговата куќа, куќата на Ахмет Чако, се искачија на Саат Кулата, а заедно беа и во црква и џамија. Исто така, дечињата го посетија Националниот парк Маврово, ја изодеа патеката на Петко и од планинарски водичи се информираа околу ендемичните видови на растенија и животни кои живеат во овој крај. За учесниците беше организирана и работилница на која професорката Елизабета Наумческа ги запозна со нови техники на цртање, а изработените слики беа презентирани на изложба.

„Целта на проектот беше децата да се запознаат меѓусебе, да се дружат, да научат нешто повеќе за Гостивар и регионот што ќе им помогне за градење почит и разбирање. Нашата порака е дека доколу повеќе се запознаваме меѓусебе, повеќе ќе се почитуваме. Во текот на целата дружба децата учеа и пишуваа зборови на сите четири јазици кои се зборуваат во Гостивар.“, велат од Здружението за култура, спорт и образование „Анисија“, организатори на проектот, кој се реализираше со поддршка на Општина Гостивар.

На децата учесници на крај им беа доделени сертификати.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена