Гостивар
Дискусија во Гостивар: Пандемијата ги погоди угостителите, занаетчиите, бизнисите…

Во Гостивар денес се одржа панел дискусија на тема „Влијанието на Ковид 19 пандемијата врз социо-економската состојба во Гостивар“, со учесници од различни сектори.
„Угостителството, транспортот и градежништвото се најпогодени сектори во општина Гостивар како последица од пандемијата со КОВИД-19. Во 2020 во општината има пад за 10% на издадените одобренија за градење, споредбено со 2019. Ако се има предвид дека градежништвото повлекува ангажман на уште околу 20 други стопански гранки, позитивните ефекти на градежништвото за развојот на економијата во Гостивар се исклучително значајни“, истакна Гоце Димовски, експерт за инвестиции и економски развој.
Според Лулзим Османи од регионалната занаетчиска комора, пандемијата го погоди целиот занаетчиски сектор. Занаетчиството е сектор каде што функционираат семејни бизниси и егзистенцијата на цели семејства на занаетчиите и на семејствата на вработените во занаетчискиот сектор се доведуваат во прашање.
„Иницијативи од инвеститорите скоро и да немаше за време на кризата, делумно и затоа што фирмите немаат буџет за долгорочни инвестиции. Помошта од државата влијаеше врз ублажување на ударот што го имаа фирмите и поддршка на тековното работење“, посочи Музафер Таири, од бизнис заедницата од Гостивар.
Тафа Амети од Конфедерација на слободни синдикати се осврна на секторот образование кој што исто така беше на удар од пандемијата, преку модифицирање на наставата и премин кон он-лајн настава за наставниците и учениците. Со оглед на тоа што над 90% од наставничкиот кадар е вакциниран се очекува наставата со физичко присуство во следниот период да се одвива без поголеми проблеми.
Настанот го организираше АДИ во соработка со Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж