Поврзи се со нас

Гостивар

Доколку треба да се следи сомнителен случај на корона на инфективно во Гостивар, останатите пациенти ќе се пренасочуваат

Објавено

на

На инфективното одделение во гостиварската болница, опремена е посебна просторија за изолација на евентуални пациенти сомнителни на коронавирус. Во просторијата има три болнички кревети, заштитни маски, очила, ракавици, капи и мантили за една употреба, како и средства за дезинфекција.

Инфективното во Гостивар е едно од трите одделенија во земјава, покрај во Штип и Велес за кои министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека се определени за опсервирање и следење на сомнителни случаи, ако се јави потреба.

Директорот на болницата во Гостивар, Јакуп Јакупи рече дека ја опремиле просторијата според препораките на Министерството, а обезбедиле и посебно амбулантно возило за транспорт на евентуални заболени.

„По препораките на Министерството за здравство ги презедовме сите неопходни мерки. Направивме изолација на една просторија на инфективното одделение, го снабдивме одделението со поголем број на стерилни маски, капи, мантили. Неодамна се снабдивме со уште едно амбулантно возило, кое е подготвено по потреба да се стави на располагање. Има и доволно количини на потребните средства за дезинфекција и за одделението, за персоналот, возилото. Се надеваме дека нема да има случаи со коронавирус, но ние сме подготвени и ги презедовме сите мерки“, изјави д-р Јакуп Јакупи, директор на општата болница во Гостивар

Јакупи вели дека доколку дојде до згрижување на пациент сомнителен на коронавирус, тогаш инфективното одделение ќе се затвори за останатите пациенти, односно тие ќе се пренасочат на другите одделенија.

Во земјава до сега не е регистриран случај на заболен од коронавирус. Здравствените власти ги зајакнаа мерките на превенција и формираа Кризен штаб во рамките на Министерството. На граѓаните им препорачуваат да ги следат општите мерки на заштита, како одржување на лична хигиена, поголема внимателност при подготвување на храната и слично.

Инаку, во Гостивар деновиве има зголемен број на граѓани со грип. На инфективното одделение во изминатите 24 часа, лекарска помош побарале стотина пациенти.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 9 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 12 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 13 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 14 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 16 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 16 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 17 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена