Македонија
Достава на документите за студентска стипендија од денес до 30 октомври
Министерството за образование и наука (МОН) ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, дека рокот за достава на документите почнува од денес 1-ви и трае до 30-ти октомври оваа година.
Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на „http://e-uslugi.mon.gov.mk“.
Од МОН соопштија дека за каква било информација или прашање корисниците да се обратат на електронската пошта „studentski.stipendii@mon.gov.mk“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот