Поврзи се со нас

Вести

ДУИ: Таравари прави нов скандал – избра туристичка агенција за чистење на снегот

Објавено

на

Огранокот на ДУИ во Гостивар излезе со реакција за јавната набавка на општината за зимско одржување на патиштата. Од таму нагласуваат дека е направен скандал и тендерот во вредност од 5 милиони денари го добила туристичка агенција.

„Таравари на овој начин ги игнорира фирмите кои вложиле пари за да набават механизација каква што се бара за чистење на снегот. Скандалот е уште поголем ако се знае дека истата туристичка агенција, Насир Турс го доби и тендерот за превоз на ученици. Јавно го молиме Таравари да одговори како чистењето на снегот е доделено на фирмата за која сите жители на Гостивар знаат дека не се занимаваат со оваа дејност. Сите граѓани знаат дека оваа компанија се занимава со превоз на патници, а не со чистење на снег. Дали на Таравари му е јасно дека чистењето на снегот се врши со специјални возила за таа намена, а не со автобуси во сопственост на туристичка агенција“, стои во соопштението од ДУИ.

На ваквите обвинувања градоначалникот одговори дека при тендерот за зимско одржување биле запазени сите законски процедури, а фирмата која е избрана дала најповолна понуда со која трошоците за чистење на снегот значително ќе се намалат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 9 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 13 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 14 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 16 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 18 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 19 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена