Вести
Дупки низ гостиварските улици, општината започна со санација
По интервенциите на службите за зимско одржување, низ улиците во Гостивар се создадоа дупки и пукнатини. Оштетени коловози има речиси во сите делови на градот, а тоа им предизвикува проблеми на возачите. Тие коментираат дека возејќи по такви улици ги оштетуваат своите автомобили и се изложуваат на опасност.
Од гостиварската локална самоуправа рекоа дека веќе отпочнале со работи за санирање на ударните дупки по улиците. Изминатиот период добивале и пријави и барања од граѓани на кои локации да интервенираат.
„Преку апликацијата „Здраво Таравари“ граѓаните пријавуваат и ни испраќаат слики. Во координација со екипи на јавното претпријатие Комуналец, интензивно работиме за да се санираат сите дупки по улиците“, изјави портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ