Поврзи се со нас

Македонија

Две пријави од лекари за сомнеж за смртен исход по примена вакцина против Ковид-19

Објавено

на

„Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканата реакција, нека е тоа и смртен случај е навистина поврзана со употребата на вакцините против Ковид-19. Двете пријави кои сме ги имале во април и во септември, а се од страна на лекари, се за 85-годишен и за 53-годишен, но се уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините“, истакна раководителката на сектор во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Мерјем Хаџихамза на денешната онлајн средба со новинарите на која учествуваше и в.д. директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Таа појасни дека пријавите освен во Упсала мониторинг центарот, испратени се и во Институтот за јавно здравје, каде се прави таа натамошна обработка.

Шабани и Хаџихамза посочија дека станува збор за сомнежи и неофицијални податоци, и нагласија дека ефектите од вакцинацијата се далеку, далеку поголеми.

– Кога еден лек во случајов вакцина ќе се употреби, ако се пријави некое несакано дејство тоа не значи дека е последична реакција од примената на вакцината. Пријавите кои доаѓаат кај нив се сомнежи за несакана реакција. Постојат голем број параметри кои треба да се испитуваат, кој бил медициското досие на пациентот, претходно од што боледувал, какви лекарства примал. За еден од пациентите гледав дека имал многу коморбидитети и лично се сомневам дека има поврзаност со употребата на вакцината, но ова е нерелевантно затоа што тоа треба да го кажат луѓето кои за тоа имаат компетенции, истакна Хаџихамза.

В.д. Шабани рече дека сите можни лекови кои досега беа спомнати дека може да помогнат во одредени фази при третман на Ковид-19 беа во рекордно време одобрени и донесени во државата.

– Колку беа користени и колку дадоа ефекти тоа е за некоја пост ковид ситуација да се навратиме. За лекот „Монупиравир“ Министерството за здравство има некои активности, кажаа дека преговараат со производителот, ја следиме ситуацијата и во моментот кога ќе имаме конкретно барање од каде било веднаш ќе се вклучиме и сакаме тие лекови да ги има во државата. За тој лек моментално се чека одговор од Американската агенција за лекови, има и неколку други иницијативи од други производители, ние сме подготвени, рече Шабани.

На новинарско прашање колку решенија издала Агенцијата за уништување вакцини и за кои производители досега се издадени решенија, рече дека досега се издадени одобренија за уништување на вакцини од производителите „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синофарм“ на неколку наврати.

Во врска со пријавување несакани реакции од вакцините Шабани рече дека за вакцините од лекари досега добиле 133 пријави, од фармацевти – 88, а од други здраствени работници – 10.

– Во неколку наврати имавме пријави и од граѓани. Сите тие се собираат, обработуваат во смисла на нивна категоризација. Како држава имаме склучено договор со Упсала мониторинг центар во Шведска, Центар за несакани ефекти на ниво на СЗО, каде се собираат од сите земји несаканите ефекти и се дават препораки и следење на лекот. Значи кај нас се собираат, ги споделуваме со Упсала и ги даваме за натамошна обработка до Институтот за јавно здравјеза да се испитуваат, истакна Шабани.

Досега, потенцира тој, пријавените несакани ефекти од сите вакцини се во рамки на предвидливите кои се наведени во нивното упатство, без оглед дали се работи за главоболка, гадење, вртоглавица, болка во екстремитети, рамо, на местото на апликација.

– Тоа се најчесто пријавени несакани ефекти. Исклучок од ова може да го спомнам случајот со миокардит од вакцината на „Фајзер“ која се утврди откако таа се пушти, која не беше предвидена од производителот, тоа се утврди од Европската агенција на лекови, тие направија соодветна варијација и ние дадовме варијација дека е можен несакан ефект очекуван во ретки случаи. Процентот на несаканите ефекти во однос на аплицираните вакцини е многу мал, додаде Шабани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 43 минути

ИНТЕРВЈУ со поетот Илкер Јусуф, по повод Светскиот ден на поезијата

Гостиварпред 1 час

Приведени две жени во Гостивар, поради сомнение за повеќе сторени измами

Вестипред 1 час

Економските односи главна тема на разговорите меѓу Путин и Си, се очекува потпишување два големи договора

Македонијапред 1 час

Со одлука на НП „Шар Планина“ се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Вестипред 3 часа

Прележаните од ковид со зголемен ризик од болести на желудникот и цревата

Занимливостипред 15 часа

(ВИДЕО) Дали сте слушнале за „прстот на судбината“? Природен феномен кој сè што ќе допре го претвора во мраз – и го убива!

Вестипред 18 часа

Апарати во домот кои трошат најмногу струја кога се вклучени, а не ги користите

Вестипред 20 часа

Цените на гасот во Европа на најниско ниво во последните 18 месеци

Гостиварпред 21 час

Над 60 казнети за брзо возење во Гостивар при вчерашната акција

Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена