Вести
Економско и гимназија го заокружија заедничкиот проект за мировно образование
Со спортски активности и пригодна манифестација двете гостиварски средни училишта, економско и гимназија го заокружија заедничкиот проект за мировно образование. Изминатите девет месеци учениците и професорите во рамки на проектот организираа и реализираа низа активности: ликовна колонија, работилница за изработки, еднодневна екскурзија, посета на храмови, како и изработка на брошура ,,Сличности и разлики помеѓу христијанството и исламот”.
Главна цел на проектот е поддршка и зајакнување на процесот на интегрирано образование во училиштата, кој со зголемена јавна поддршка придонесува кон мирот и стабилноста во општеството. Посебен акцент е ставен на мировното образование, што би дало свој придонес во изградба на мир и стабилност во државата, велат од училиштата.
Во активностите беа вклучени над 50 средношколци од двете гостиварски училишта и по тројца професори од секое училиште.
Проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата” е имплементиран од Здружението за Мировна акција Прилеп и Тетово, како и Центарот за мировни студии Загреб (Хрватска).
Освен во Гостивар се спроведува и во Скопје, Куманово, Прилеп, Македонски Брод, Житоше, Неготино Полошко и Добри Дол.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот