Поврзи се со нас

Спорт

ФК Гостивар во финишот испушти победа против Шкендија 2-2

Објавено

на

Викендов се одигра 9. коло од Првата македонска фудбалска лига во кое екипата на ФК Гостивар беше домаќин на тетовска Шкендија, натпреварот заврши без победник 2-2.

Гостиварци брзо стигнаа до водство со погодокот на Атиемвен во 12. минута, а израмни Енур Тотре од пенал во 24. минута. Домаќините играат се подобро како одминува сезоната и ја имаа иницијативата во поголемиот дел од натпреварот, наградата дојде во 45. минута кога Алпер Потук повторно ја доведе во водство екипата на Гостивар.

Во вториот дел Шкендија се обидуваше да дојде до израмнување, но не успеаа да ја затресат мрежата се до самиот крај на натпреварот, кога во 90. минута албанскиот интернационалец Цаке, го постигна израмнувачкиот гол. Гостиварци имаа голема шанса за победа во судиското надополнување кога голманот на Шкендија, Талевски им подари една топка во шестнаесетникот, но на среќа на тетовчани, ударот беше изблокиран. Резултатот остана непроменет и натпреварот заврши со конечни 2-2.

Во преостанатите натпревари Работнички го совлада Тиквеш, Силекс триумфираше над Воска, Шкупи славеше над Струга Трим Лум.

ПМФЛ – 9 коло:

Брегалница – Вардар 0-0
Гостивар – Шкендија 2-2
Работнички – Тиквеш 1-0
Шкупи – Струга 2-0
Силекс – Воска 4-2
Македонија ЃП – Брера Струмица 1-0

Табела: Шкупи 18, Шкендија 17, Силекс 16, Струга 15, Брера Струмица 14, Тиквеш 13, Работнички 13, Македонија ЃП 11, Брегалница 10, Воска 7, Гостивар 7, Вардар 5.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 10 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 12 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 15 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 17 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 19 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 20 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена