Поврзи се со нас

Македонија

Фридом хаус: Македонија e „цикличен хибрид“ назадува во владеење на правото и борбата со корупцијата

Објавено

на

Северна Македонија останува хибриден режим и во најновиот извештај на Фридом Хаус „Нации во транзит“. Фридом Хаус во таа категорија става 11 држави, кои имаат карактеристики на автократија и демократија. Бидејќи не припаѓаат на ниеден од двата блока целосно, нивните институции се ранливи, што во 2023 довело до поголемо назадување отколку напрадување, се вели во извештајот.

  • Во Западен Балкан тоа било особено нагласено. Во Србија имало „историско назадување. се вели извештајот, пред се` заради напорите на претседателот Александар Вучиќ за консолидирање на моќта во 2023. Но, Северна Македонија е веднаш зад Србија. Во Северна Македонија има најголем пад во регионот после Србија. Годината беше обележана со политичка поларизација и меѓупартиска борба во владејачката коалиција, како и со опозицијата. Главната опозициска партија, продолжи да игра нагласено опструктивна улога, вели за Гласот на Америка Александра Карпи, која е една од двајцата изработувачи на извештајот.

Северна Македонија страдала од назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, додека политичките партии влегле во конфронтација во врска со уставните амандмани наложени од бугарското вето што ги попречува напорите на државата да влезе во Европската унија.

Осврнувајќи се на Северна Македонија поконкретно, извештајот вели дека државата е „цикличен хибрид“, што се карактеризира со редовни промени во владејачката елита коишто не дозволуваат со време да дојде до суштинска структурна промена. Станува збор за „комбинација на реален политички плурализам и површни институционални промени“, објаснува Фридом Хаус илустрирајќи го тоа во случајот на Северна Македонија со примерот на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство од 2017.

  • Ниту тој, ниту неговите најблиски соработници, не се изведени пред лицето на правдата за нивните злоупотреби на функцијата. Уште полошо, со контроверзните промени на Кривичниот законик во 2023 се намалија казните за вакви злоупотреби, со што големи случаи беа отфрлени додека јавноста уште не се опоравила од фаталните коруптивни скандали во здравствениот сектор, вели Карпи.

Тоа, според неа покажува колку е исполитизиран судскиот систем. – Годинава имаше низа скандали во правосудниот систем, како со Државниот судски совет, а потоа и со неговиот шеф. Сето ова го отсликува неуспехот на судските и антикорупциските органи кои треба да им служат на граѓаните. Мислам дека во моментов во Северна Македонија кај македонските граѓани преовладува чувството дека овие институции не работат да му служат народот, туку на одррредени поединци, наведува Карпи.

„Во Северна Македонија, надежите што се зголемија во 2017 година по соборувањето на антидемократскиот премиер Никола Груевски допрва треба да се остварат“, се вели во извештајот.

  • За разлика од Украина или Молдавија, Северна Македонија не презеде позначајни чекори за елиминирање на корумпираните мрежи, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на неколку исти партии, како што беше со децении. Националистичката партија на Груевски ја опструираше работата на парламентот додека беше опозиција и сега е фаворит да победи на изборите во 2024 година, наведува Фридом Хаус во годишиот извештај.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена