Спорт
Ѓоковиќ и Алкараз во финалето на Вимблдон

Србинот Новак Ѓоковиќ и шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе играат во финалето на Вимблдон откако Ѓоковиќ го совлада Јаник Синер со 3:0 во сетови – 6:3, 6:4, 7:6, а Алкараз исто така убедливо со 3:0 во сетови – 6:3, 6:3, 6:3, славеше против Данил Медведев.
Новак го отвори мечот со брејк, што му беше доволно да го освои првиот сет. Во вториот сет Ѓоковиќ направи брејк во третиот гем и доволно му беше повторно да го освои сетот. Сетот го одбележа судијата Ричард Хеј во четвртиот гем, кога еден извик при поен на Ѓоковиќ го наведе судијата да заклучи дека српскиот тенисер намерно му се вмешал на својот ривал и затоа му го одзема поенот.
Шпанскиот ас уште еднаш потврди дека се подобро се снаоѓа и на трева и сосема заслужено за првпат во кариерата да се бори за пехарот на овој престижен турнир.
Во недела од 15 часот српскиот тенисер ќе се бори за својата 24-та грен слем титула, а супер талентираниот шпанец ќе се обиде да го освои својот прв пехар на Вимблдон.
Доколку победи Ѓоковиќ ќе го израмни рекордот на Вимблдон со Федерер кој има осум трофеи во Лондон.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос