Гостивар
Голем концерт на Владо Глигоровски во Гостивар за јубилејни 30 години музичка кариера

Познатиот пејач на македонска народна песна Владо Глигоровски ќе прослави значаен јубилеј, 30 години музичка кариера, со целовечерен концерт што ќе се одржи на 21 септември (среда) во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, со почеток во 19.30 часот.
На програмата ќе бидат изведени изворни, народни и чалгиски песни, односно композиции кои ја одбележаа три децениската кариера на Глигоровски. Вечерта ќе биде збогатена со настапи на гостите на концертот: Наум Петрески, Зуица Лазова, Круме Спасовски, Виданка Георгиева, Вики Среброва, Атина Апостолова, Христос Еленидис, Дарко Билбиловски, Група „Фаворити“ и ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, водител на настанот ќе биде Сузана Апостолова.
Во првиот дел од вечерта Глигоровски ќе настапи со своите први снимени песни „Си Заљубив Девојче Мавровчанче“, „Севде мори Севде Севдалино“, „Mоре со Коњ тргнав по Горна Река“. Во вториот ќе бидат изведени „На сокак седа“, „Постој Бре Дејче“ и други, заедно со гостите на концертот. Во третиот дел од јубилејниот настан ќе му се придружат неговите музички пријатели и соработници и во последниот четврти дел ќе се изведат неговите фестивалски песни, „Балада“ дует со Атина Апостолова, односно посветените „Ангелина“ – посветена на ќерката Агелина и „Бисера аманет од дедо“ – посветена на внуката Бисера.
Владо Глигоровски со пеење почнува уште во училишните денови во ОУ „Денче Дејановски“ во Маврово, па продолжува како средношколец преку настапите со ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар. Во една прилика е препознат како талент и добива покана од тогашниот уредник и музички продуцент за народна музика Матеја Грујоски да учествува во МРТВ, по што започнува да се развива неговата до сега 30 годишна кариера.
Глигоровски има снимено преку 120 народни песни, повеќето посветени на Мавровско-Реканскиот крај.
Влезот за концертот во среда е бесплатен, поканети се сите љубители на македонската народна песна од Гостивар, Маврово и Ростуше, Тетово, Кичево, Скопје да го збогатат јубилејот и поддржат традицијата.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава