Вести
Гостивар е познат по…
Кои се првите работи кои ви доаѓаат на памет врзани со традициите, обичаите, храната, објектите и слично кои се препознатливи белези на Гостивар? За гостопримството не треба да стане ни збор, затоа што градот го добил името токму поради гостопримливиот народ кој и во старо време знаел да им угоди и добро да ги пречека сите гости 🙂
Гостивар е познат по баклавата. Кој еднаш пробал парче гостиварска баклава, секогаш ќе навраќа за повеќе. Традиционалната гостиварска баклава си има свој мајсторлук и не е нешто што може секој да го стокми како што треба. Корите се сучат рачно со сукало и треба да бидат многу тенки, проѕирни, филот е со ореви, а одозгоре се ставаат ф`стаци. И секако, шербетот мора да биде погоден, за вистинскиот шмек на ова мало благо задоволство.
Гостивар е познат по изворите на Вардар. Нашиот град е прв град на Вардар, најголемата река во Македонија. Ако немате идеја каде да ги прошетате гостите дојдени од друго место, изворите се добар избор. Таму максимално се ужива во природата и глетката на создавање на реката Вардар.
Гостивар е познат по Беговата Куќа и Саат Кулата. Беговата Куќа е објект од културно-историското минато на градот кој датира од 18 век. Пример на автентична, староградска архитектура, заштитена во 1984 година како културно наследство. Саат Кулата, исто така споменик на културата, е симболот на градот.
Гостивар е познат по бањичкиот кромид. Ако Тетово го има гравот, Охрид – црешите, Струмица – пиперките, Гостивар го има бањичкиот кромид. Црвен, благ и карактеристичен по вкус, многу баран на пазарите.
Да не ги заборавиме и: неодоливиот бурек, направен од вештите раце на гостиварските мајстори, успешните спортисти, „бесните“ автомобили и скапите свадби – особено налето, убавите гостиварки… Има уште нели?
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград