Поврзи се со нас

Вести

Гостивар ќе бара помош од турска општина за фекална канализација во Горна Бањица

Објавено

на

Делегација од турската општина Ејуп, предводена од Ахмет Туфекчи потпретседател на општината, денес беше во посета на Гостивар и се сретна со градоначалникот Невзат Бејта. На средбата се зборуваше за продлабочување на соработката и збратимување на градовите. Значаен акцент беше ставен на можноста турската општина да го поддржи проектот за изградба на фекална канализација во селото Горна Бањица.

Проектот за канализација во село Горна Бањица е изработен, но не е рализиран до сега поради тоа што многу чини финансиски. Добро е да се разгледа можноста како Општина Ејуп може да помогне во реализацијата на овој проект, во вредност од околу 700 илјади евра“, изјави Невзат Бејта, градоначалник на Гостивар

Во општина Ејуп живеат околу 400 илјади жители, а околу 40% од населението се од различни земји. Голем дел од нив доаѓаат и од Гостивар, Тетово, Скопје. Затоа остваруваме добра соработка со вашите општини. Се надеваме дека добрите односи со општина Гостивар ќе продолжат и во иднина и ќе резултираат со збратимување на градовите“, рече Ахмет Туфекчи, потпретседател на општина Ејуп.

Двете општини за месецот Рамазан, традиционално ќе организираат заеднички ифтар во Гостивар. Како датум е одреден 10-ти јуни.

Средбата со турската делегација во општина Гостивар заврши со разменување на симболични подароци.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 3 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 5 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 6 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 7 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 8 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 9 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 10 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 11 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена