Вести
„Граѓанската повелба“ претставена пред гостиварци
Теренските активности на проектот „Општество без граници“ официјално на терен отпочнаа од Гостивар. Попладнево на плоштадот беше поставен штанд на кој граѓаните можеа преку потпис, да дадат поддршка на Граѓанската повелба, меѓународен документ донесен од страна на невладини организации, кој се однесува на учество на граѓаните во одлучувачките процеси и заштита на човековите права. Проектот во Македонија го спроведува невладината Цивил, во соработка со Канцеларијата на Фондација Хајнхрих Бел од Сараево.
„Ја промовираме глобалната граѓанска повелба која се обидува да ги реафирмира човековите права и слобода и да придонесе за зголемување на просторот за дејствување на граѓаните и граѓанките во процесите на донесување одлуки. Целиме да го свртиме вниманието на јавноста кон овие проблеми“, изјави Џабир Дерала од Цивил
Освен презентација на активностите за граѓаните, ЦИВИЛ во Гостивар оствари средби и со претставници на невладиниот сектор од овој регион, за развивање на меѓусебната соработка и давање поддршка за граѓанскиот активизам во духот на Повелбата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград